Србија ќе почне преговори за членство во ЕУ за една година?

Шефот на делегацијата на ЕУ во Белград Венсан Дежер изјави дека е реално Србија да почне преговори за членство во Унијата за една година. По вчерашната одлука на Советот на министри да одобри нов чекор кон кандидатурата на Србија за членство во ЕУ, Дежер оцени дека сега почнува процес во кој е поважен квалитетот од брзината. Тој истакна дека сега целта е да се убедат 27-те земји членки да кажат дека Србија е подготвена за следниот чекор, односно за почеток на преговорите за членство.