Бавно судство

Основен суд Скопје

Додека од Министерството за правда велат дека реформите ја враќаат довербата во правниот систем, граѓаните се жалат на неефикасна извршна власт.
Македонија е правна држава, во која се спроведуваат законите и се почитуваат правата на граѓаните, но сепак тие често се жалат на долготрајните процеси, вели Министерот за правда Михајло Маневски. Министерот додава дека со реформите кои се преземаат ќе се врати вербата на луѓето во правниот систем.
И законот за парнична постапка и законот за кривична постапка пропишуваат определени рокови за преземање на процесните дејствија и тоа е гаранција дека ќе се почитуваат правата на граѓаните


,,И законот за парнична постапка и законот за кривична постапка пропишуваат определени рокови за преземање на процесните дејствија и тоа е гаранција дека ќе се почитуваат правата на граѓаните. Ако еден
Министерот за правда Михалјо Маневски вели дека реформите ја враќаат довербата во судството
предмет не се решава за две, три, пет, десет години, можете да замислите дека тоа не зборува за доверба во судството."

Но, и покрај тоа, граѓаните сепак се незадоволни. Сите се жалат на бавното судство, корумпираните судии, и сите со ист речник, доживуваат голгота, со години се „маткаат“ по судските лавиринти, ја бараат правдината, и се надевааат дека правдата некогаш ќе излезе на виделина.
Скопјанецот Живко Гичев вели дека четири години чека да се разреши неговиот процес, и се уште не се гледа крајот. Раскажува дека станува збор за укинување на правосилна постапка за имотен лист.

,,Не да е голгота, туку може и да е еднакво со она што нашите го поминале во Егејска Македонија, мислам дека можеби и полесно поминале, отколку јас овде."
Не да е голгота, туку може и да е еднакво со она што нашите го поминале во Егејска Македонија, мислам дека можеби и полесно поминале, отколку јас овде


Според него проблем не се толку судиите, колку што се владините комисии.

,,Значи, сите владините комисии во прв и втор степен, си играат со луѓето како што сакаат и никој ништо не им може. Мислат дека се над законот, правдата и над господ."

За разлика од Живко Гичев, Јован Илиевски пак вели дека судиите се тие кои ги одолговлекуваат процесите до бескарај и затоа тој не му верува многу на правниот ситем.

,,Од 1997 година ја водам оваа судска голгота, изгледа човек треба да има повеќе пари па да добие."

Стојан Наумов пак вели дека неговиот процес треба да се запише во историјата. Тој чека седум години да се докаже дека една нива е негова.

,,Се маткам тука, на 80 години да трчам... Ако денеска не се реши проблемот, ќе им речам на судиите нека дојдат, поклон ќе им ја дадам нивата."

вели Наумов.