Експанзијата на пиратеријата, недостаток од кино сали, публика, развојот на нова технологија - причини за замирање на кинокултурата.
Состојбите со киноприкажувачката дејност во Македонија се катастрофални. Ова е еден од заклучоците на филмаџиите ученици на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Недостигаат кино сали, публика, кинокултура, пиратеријата царува. Домашните филмаџии велат дека не е доволно да се прават филмови, ако нема каде да се видат.
,,Кино мрежата во Македонија е урнисана во последните 20 години. Во Скопје пред 20 години во Скопје имаше 16 киносали, денес има две. Беше договорено прилажувањето на „Мајки“ да биде многу кус период. Не сакавме со премиера и кино прикажување на македонскиот филм да бидеме ливче кое ја покрива оваа срамота. Тоа ме наведе да кажам дека филмот нема да има кино прикажување во Македонија, ако не може достојно да се прикаже во кино нека оди на телевизија да го види секој човек. На крај сепак решивме да има кино проекции за да го фокусираме вниманието на јавноста на овој проблем кој мора да се реши."
вели режисерот Милчо Манчевски.
Нема соодветни сали ниту за единствениот интернационален филмски фестивал во државата „Манаки“ кој располага само со една филмска сала.
,,Публика имаше околу 150 луѓе што е одлично за прокеции од 17 часот. Секаде во светот за прокеции од 15 или 17 часот таа е бројклата. НАш проблем е тоа што салата е толку голема, па во сала со 850 седишта, кога имаш публика 100 до 150 луѓе изгледа како да нема. Да имавме помала сала ќе ја користевме, оваа е само за отварања на фестивалот. Ниту Кан, ниту на Берлин толкави не се салите."
вели Лабина Митевска, директор на фестивалот „Манаки“. Сепак, со истиот проблем се соочуваат и другите држави од Балакнот.
,,Тој филмски оган пополека се гасни во овие регионални држави зашто кината ни се поприлично во лоша состојба и се затвораат. Потребано е да се вложат поголеми средства во нивно одржување, а кино културата да се гради од мали нозе кај младата популација. Друго е доживувањето во кино, а друго дома пред телевизор."
вели Петар Митриќ од Фестивалот на европски филм од Србија.
Кино мрежата во Македонија е урнисана во последните 20 години
,,Кино мрежата во Македонија е урнисана во последните 20 години. Во Скопје пред 20 години во Скопје имаше 16 киносали, денес има две. Беше договорено прилажувањето на „Мајки“ да биде многу кус период. Не сакавме со премиера и кино прикажување на македонскиот филм да бидеме ливче кое ја покрива оваа срамота. Тоа ме наведе да кажам дека филмот нема да има кино прикажување во Македонија, ако не може достојно да се прикаже во кино нека оди на телевизија да го види секој човек. На крај сепак решивме да има кино проекции за да го фокусираме вниманието на јавноста на овој проблем кој мора да се реши."
Тоа ме наведе да кажам дека филмот нема да има кино прикажување во Македонија, ако не може достојно да се прикаже во кино нека оди на телевизија да го види секој човек. На крај сепак решивме да има кино проекции за да го фокусираме вниманието на јавноста на овој проблем кој мора да се реши