Европската унија соопшти дека испраќа граничен тим во Грција со цел да и помогне на таа земја да се справи со растечкиот број на имигранти. Оценката на Обединетите нации и на Европската унија е дека ситуацијата со имигрантите во Грција е алармантна.
Европската комисија соопшти дека го прифати барањето на Грција за испраќање тим за брзи интервенции кој треба да и помогне на земјата во врска со зголемениот број имигранти, повеќето од африканските земји или од Авганистан.
Тие, како што се додава, при нивниот обид да најдат илегален пат за Европската унија најпрвин влегувале во Грција и тоа од Турција.
Европската комисија затоа решила тимот за брзи интервенции од граничната агенција Фронтекс да биде распореден на грчко турската граница.
Станува збор за прво распоредување на тимовите за брза интервенција од нивното формирање во 2007 година.
Еврокомесарот за внатрешни прашања Сесилија Малмстром наведува дека бројот на луѓето кои ја минуваат грчко турската граница добил алармантни пропорции и оти Грција признала дека не е способна самостојно да се справи со таквата ситуација.
,,Грција сега ќе биде во можност конкретно да ја исползува европската солидарност во менаџирањето на надворешните граници,, оценува Малмстром во соопштението во кое се додава дека ситуацијата била посебно драматична на потегот од границата кај реката Еврос во должина од 12 ипол километри.
Според податоците на Обединетите нации, од 300 до 400 имигранти секојдневно влегуваат во Грција што е над можностите на земјата да ги уапси и да ги процесуира во натамошна постапка. Обединетите нации имаат и големи забелешки за катастрофалните услови за беглаците во Грција.
Граничната агенција на Европската унија објави дека околу 75 проценти од над 40 те илјади луѓе кои биле уапсени од властите под сомнение дека се обидувале илегално да влезат во Унијата во првата половина од оваа година тоа се обиделе да го сторат преку Грција и тоа главно од Турција.
Според некои податоци, тој процент во изминативе осум месеци се покачил на 90 насто. Колку за илустрација, во 2008 година околу 50 проценти од сите апсења на таканаречени илегалци во Европската унија се случија во Грција.
Построгата гранична контрола во Шпанија, Малта и Италија натераа повеќето бегалци да се насочат кон Грција.
Турција во петокот вети дека ќе соработува со Грција во битката со имигранитите, но го услови тоа со грчка помош за олеснување на визниот режим за турците.
Ова беше и пораката на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган по разговорите со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу на маргините на конференцијата за климатските промени на Медитеранот која се одржа деновиве.

Според податоците на Обединетите нации, од 300 до 400 имигранти секојдневно влегуваат во Грција што е над можностите на земјата да ги уапси и да ги процесуира во натамошна постапка.