Британскиот заменик премиер Ник Клег изјави дека обвинувањата за злоставување на војници и убистава на цивили објавени на интернет страната Викиликс треба сериозно да се сфатат и за нив да се спроведи истрага. Клег за ББС изјави дека е навистина тешко да се читаат извештаите на Викиликс за насилството во Ирак . На сајтот се објавени околу 40 илјади извешати на американската војска во кои детално се опишани инциденти , вклучувајќи и бомбашки напади , вооружени напади и злоставување на заробеници.