Последните три години главна преокупација на прилепчанецот Ристо Тошески е изработка на грандиозно дело, со обемни димензии, мозаик со ликот на Тоше.
Четириесет и шестгодишниот Ристо Тошески, професор по физичко образование од Прилеп е мултиталентиран човек, кој целото свое слободно време го посветува на уметноста. Но, последниве 3 години негова главна преокупација е изработка на мозаикот со ликот на Тоше. Грандиозно дело во форма на солза, чија должина е 5, а широчина 2, 7 метра. Мозаикот го сочинуваат ситни камчиња од мермер и гранит, кои грижливо од сите страни од светот ги собрал Тошески.
„Долу имаме 26 цвеќиња, ги симболизираат годините од Тоше, има мече, му го поклонуваа неговите фанови, обожаватели. Над него изработена е неговата глава, со големина е сигурно 1,7 метра, ангел има кој со сенка ’влегува во Тоше‘, ангелот е препознатлив, тоа е ангелот од Курбиново.“
Како што објаснува Тошески, над главата на Тоше има виолински клуч и музичка скала, на која се испишани годината на раѓање и годината на неговата смрт, врз нив има две цреши, а меѓу нив запалена свеќа. Цел мозаик е една симболика за животот и делото на македонската поп легенда.
Двете случајни средби на авторот со Тоше и колективната загуба што се чувствува по неговата смрт, го инспирирале да го изработи мозаикот.
„Не е ВМРО, не е СДСМ, тој е едноставно принц на бел коњ, кој сите сонуваме таа приказна бајка да ја имаме. Тоа е нешто, треба пак ќе речам да се раскажува за да некогаш, во некои моменти, да имаме барем дел од него, за да знаеме како треба еден човек да се однесува. И сега тој со таквото однесување несебично, си обезбеди една бесмртност“, вели Тошески.
Идејата за мозаикот, тој ја разработува натаму така што планира да побара од дел негови колеги и пријатели од естрадата на Балканот да му испратат по едно камче од градот каде што живеат, од местото каде што се сретнале со Тоше. На тоа камче да го впишат своето име и негостигот по Тоше, па така мозаикот-солза вечне ќе тече, вели тој.
„А, сега моментално најповеќе сум заинтересиран да се направи, да се излие, бидејќи техниката е специфична, големо е, не можам да го дочувам, ако фати дожд, невреме може да го расипи, трудот да ми остане. Мислам дека како дело заслужува и барам, ако некој еве од јавноста ако мисли дека заслужува ова да се сочува, да се направи. Тие што немаат нека стискаат палци, тие што имаат да бидеме дел од оној мал мозаик што се вика Тоше“, вели овој голем ентузијаст.
Заедно со своите соседи, тој секој ден на свој начин живее со тошевото дело и хуманост.
„Многу пати кога ќе го работам, тука зградите се, се гледа одозгора, многу повеќе се гледа, бидејќи е многу големо, ќе речат, е да може да стане сега, да ни запее.“
Засега овој единствен мозаик со ликот на Тоше, го краси само дворот на авторот, како и многу други негови дела. Местото каде што ќе биде изложен најмногу ќе зависи од оние хумани луѓе кои ќе помогнат да се заокружи овој проект, зашто вели Тошески веќе не е моќен финансиски да го заврши ова грандиозно дело.
Долу имаме 26 цвеќиња, ги симболизираат годините од Тоше, има мече, му го поклонуваа неговите фанови, обожаватели. Над него изработена е неговата глава, со големина е сигурно 1,7 метра, ангел има кој со сенка „влегува во Тоше„, ангелот е препознатлив, тоа е ангелот од Курбиново.
„Долу имаме 26 цвеќиња, ги симболизираат годините од Тоше, има мече, му го поклонуваа неговите фанови, обожаватели. Над него изработена е неговата глава, со големина е сигурно 1,7 метра, ангел има кој со сенка ’влегува во Тоше‘, ангелот е препознатлив, тоа е ангелот од Курбиново.“
Како што објаснува Тошески, над главата на Тоше има виолински клуч и музичка скала, на која се испишани годината на раѓање и годината на неговата смрт, врз нив има две цреши, а меѓу нив запалена свеќа. Цел мозаик е една симболика за животот и делото на македонската поп легенда.
Двете случајни средби на авторот со Тоше и колективната загуба што се чувствува по неговата смрт, го инспирирале да го изработи мозаикот.
„Не е ВМРО, не е СДСМ, тој е едноставно принц на бел коњ, кој сите сонуваме таа приказна бајка да ја имаме. Тоа е нешто, треба пак ќе речам да се раскажува за да некогаш, во некои моменти, да имаме барем дел од него, за да знаеме како треба еден човек да се однесува. И сега тој со таквото однесување несебично, си обезбеди една бесмртност“, вели Тошески.
Идејата за мозаикот, тој ја разработува натаму така што планира да побара од дел негови колеги и пријатели од естрадата на Балканот да му испратат по едно камче од градот каде што живеат, од местото каде што се сретнале со Тоше. На тоа камче да го впишат своето име и негостигот по Тоше, па така мозаикот-солза вечне ќе тече, вели тој.
Не е ВМРО, не е СДСМ, тој е едноставно принц на бел коњ, кој сите сонуваме таа приказна бајка да ја имаме