ЕУ го менува Лисабонскиот договор?

По стапувањето во сила на Лисабонскиот договор

Зошто Европската унија уште еднаш зборува за повторни преговори за нејзиниот правилник? прашува весникот Економист во врска со најновиот предлог на Берлин и Париз за ревидирање на Лисабонскиот договор со цел Унијата да може да се справи со идните должнички кризи.

Тоа требаше да биде последниот чин. Лисабонскиот договор, наследник на несреќниот Устав на Европската унија, кој по договорите од Мастрихт, Амстердам и Ница требаше да прерасне во траен правилник на евроклубот.

Ослободени од внатрешните расправии, ЕУ требаше да се сврти кон надвор и да се соочи со реалниот свет. Наместо тоа, реалниот свет фрли во еврозоната должничка криза. И помалку од една година откако Лисабонскиот договор стапи во сила, во ЕУ се зборува за нов договор.


Омилената игра во Брисел е рестартирана од францускиот претседател Никола Саркози и од германскиот канцелар Ангела Меркел. На нивниот самит во Довил неделава тие изјавија дека е неопходно да се ревидира Лисабонскиот договор со цел Унијата да може да се справи со идните должнички кризи.

Каква забава, пишува Економист потсетувајќи: ,,Се сеќавате на француското и на холандското одбивање на уставот? Или на тоа како ирците требаше два пати да гласаат за да го одобрат договорот и на чесите кои не го попишуваа до последен момент.

Ајде да го направиме сето тоа повторно. Овој пат поради економската криза и намалувањето на буџетот, тоа ќе биде уште

Инстинктивниот одговор на Брисел на опасноста од распаѓање на ЕУ е понатамошна интеграција.
повозбудливо со оглед на разлутените гласачи на кои во иднина треба да им се наметне уште поголема фискална строгост.

Идејата за повторното отворање на договорот е германска опсесија. Берлин предлага на расипничките земји кои ги кршат фискалните ограничувања во еврозоната, дефицит до 3 насто од БДП, а јавниот долг до 60 проценти од БДП, да им се одземат нивните гласачки права во ЕУ.

Во минатиот месец Европската комисија предложи засилена контрола на буџетите, плус санкции кои ќе стартуваат полуавтоматски: членките веднаш ќе биде казнувани за нивните грешки освен ако министрите за финансии не гласаат против тоа.

Овие предлози беа во голема мера инспирирани од строгите германци. Во почетокот предлозите, особено идејата за автоматизам беа критикувани од французите, оценувајќи дека со тоа се намалува политичката дискреција.

Сега Франција го смени мислењето и го поддржаа новиот договор. Сепак, критичарите на ова гледаат како на лоша зделка, со оглед на фактот дека повеќе земји нема да се согласат со строгоста на мерките, пишува Економист додавајќи дека искуствата од минатото покажуваат оти оваа операција е невозможна.

Затоа некои предлагаат дека ќе биде најдобро да се почека да се смират финансиските пазари пред да почнат да се менуваат правилата. Но не сметајте дека тие ќе бидат и последни.

Европската конструкција е наполу остварен проект. Членките во ЕУ се делумно интегрирани, но и делумно суверени и противречностите се неизбежна работа.

Инстинктивниот одговор на Брисел на опасноста од распаѓање на ЕУ е понатамошна интеграција. Европа не е во состојба на постојана револуција, туку во состојба на постојани повторни преговори, заклучува весникот Економист.