Во владата велат дека доколу се земат средства од ММФ тие ќе се користат за буџетски потреби, вклучително за инфраструктурни проекти, отплата на претходни кредити или за покривање на буџетскиот дефицит.
Дали Македонија ќе се задолжи кај Меѓународниот монетарен фонд и за што ќе се користат парите? Судејќи по изјавите на претставници на владата, евидентно е дека дел од средствата ќе се користат за санирање на достасаните долгови. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски изјави дека ќе бидат потребни пари за покривање на буџетскиот дефицит и достасаните долгови, а не е исклучена ни можноста за издавање на нова еврообврзница. Министерот за финансии Зоран Ставрески, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека ако се донесе одлука да се земат 400 милиони евра, тие ќе се користат за буџетски потреби.
,,Ако се донесе одлука да се земат овие 400 милиони евра од ММФ, тогаш тие се користат за сите буџетски потреби вкучително и за финансирање на инфраструктурни проекти, финансирање на отплатата на обврските од претходни кредити и се што е потребно за одржување на ликвидноста на буџетот. Значи нема ограничување од страна на ММФ за што можат да се користат тие средства, тие се составен дел на нашите средства со кои ги затвораме нашите буџетски потреби."
Ако веќе приртискаат долговите, тогаш не би било лошо тие да се санираат со поволна кредитна линија, смета професорот Ванчо Узунов и појаснува:
,,Тие долгови се направени и ако сега мора да се враќаат, бидејќи во моментов неможе да се враќат исто како што опоменуваме, сега да се заменат со поевтини долгови, што поповолни е добро, но е потег што веќе е изнуден."
ММФ на Македонија и нуди 400 милиони евра. Вицепремиерот Пешевски проценува дека за санирање на дупките во народната каса ќе бидат потребни од 300 до 320 милиони евра. Колку пари ќе позајми државава од Фондот допрва ќе се одлучува. Таа одлука треба да биде субјект на анализа, вели професорот Узунов:
,,Може да се земе, не е проблем. Македонија не е презадолжена земја и ако најде извор на поевтини пари, поевтини кредити, самотозадолжување не е лошо, меѓутоа сепак и за најевтино позајмени пари, дури и за пари што се на друг начин прибрани многу е битно за што ќе се пласираат."
Екс министерот за финансии и сегашен универзитетски професор Никола Поповски вели дека би било поволно Македонија да ја покрие еврообврзницата од 2008 година со кредитот од ММФ, но смета дека финансирањето на буџетскиот дефицит е несреќен потег:
,,Евентуало ако има некаков инвестициски проект да го потполни со средства од ММФ, меѓутоа ако го финансира дефицитот во општа смисла, мислам дека би било голема грешка за Македонија."
Според стратегијата за отплата на јавниот долг, во 2011 Македонија треба да исплати уште 240 милиони евра.
...вкучително и за финансирање на инфраструктурни проекти, финансирање на отплатата на обврските од претходни кредити ...
,,Ако се донесе одлука да се земат овие 400 милиони евра од ММФ, тогаш тие се користат за сите буџетски потреби вкучително и за финансирање на инфраструктурни проекти, финансирање на отплатата на обврските од претходни кредити и се што е потребно за одржување на ликвидноста на буџетот. Значи нема ограничување од страна на ММФ за што можат да се користат тие средства, тие се составен дел на нашите средства со кои ги затвораме нашите буџетски потреби."
Ако веќе приртискаат долговите, тогаш не би било лошо тие да се санираат со поволна кредитна линија, смета професорот Ванчо Узунов и појаснува:
,,Тие долгови се направени и ако сега мора да се враќаат, бидејќи во моментов неможе да се враќат исто како што опоменуваме, сега да се заменат со поевтини долгови, што поповолни е добро, но е потег што веќе е изнуден."
ММФ на Македонија и нуди 400 милиони евра. Вицепремиерот Пешевски проценува дека за санирање на дупките во народната каса ќе бидат потребни од 300 до 320 милиони евра. Колку пари ќе позајми државава од Фондот допрва ќе се одлучува. Таа одлука треба да биде субјект на анализа, вели професорот Узунов:
,,Може да се земе, не е проблем. Македонија не е презадолжена земја и ако најде извор на поевтини пари, поевтини кредити, самото
Меѓутоа ако го финансира дефицитот во општа смисла, мислам дека би било голема грешка за Македонија