Порака за поддршка?

Претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј на вчерашната прес конференција во Владата

Власта гледа поддршка во посетата на Ромпуј на Македонија, опозицијата пак предупредува дека ова е уште една порака до власта за изнаоѓање решение за името.
Претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј дојде во Македонија за да ја пренесе поддршката во процесот за изнаоѓање решение на спорот за името и со порака дека не смее да се пропушти како што рече оваа единствена шанса да се влезе низ вратата на ЕУ. Со други зборови, ако продолжи постоечкотот статус кво во решавањето на спорот за името и до крајот на годината не се вклучи во интегративните процеси, Македонија може да се соочи со нивна блокада. Во владејачката партија посетата на Ромпуј сепак се толкува повеќе како јасен сигнал за поддршката на европските амбиции на Македонија и на завршената работа во областа на реформите.
Имајќи ги во предвид пораките што Ромпуј ги испрати на македонската јавност мислам дека е најважно во овој момент е нашата држава да продолжи забрзано да ги остварува европските реформи


,,Имајќи ги во предвид пораките што Ромпуј ги испрати на македонската јавност мислам дека е најважно во овој момент е нашата држава да продолжи забрзано да ги остварува европските реформи и забрзано да го прилагодува сопствениот правен поредок до оној на ЕУ, така најбрзо и најдобро ќе бидеме дел од самата ЕУ доколку ги прифатиме нејзините вредности и начинот на живеење."

Изјави Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозицијата по посетата на претседателот на ЕУ пак стеснет е просторот за манипулација на владејачката партија откако се потврдени пораките коишто премиерот Груевски ги прими уште при посетата на Брисел, вели Владо Бучковски од СДСМ.

Владо Бучковски: „На власта одамна и` се јасни овие пораки“
,,На власта одамна и се јасни овие пораки, но очигледно купува време. Моја проценка е дека сега ќе биде спинувана приказна дека треба да се чека пресудата на Меѓународниот суд на правдата идната есен и на тој начин ако може да се премости периодот каде што сите веќе во Македонија, неверувам дека и најзагреаните вмров-ци негуваат илузии дека можеме напред без
На власта одамна и се јасни овие пораки, но очигледно купува време. Моја проценка е дека сега ќе биде спинувана приказна дека треба да се чека пресудата на Меѓународниот суд на правдата идната есен
правење компромис околу спорот за името."

Аналитичарите велат дека со посетата на Ромпуј е искажана од највисоко ниво последната политичка волја од страна на ЕУ во однос на напредокот на земјава кон ЕУ.

,,Конечно да се решаваат круцијалните проблеми кои се политичка и морална обврска на оние што ја водат државата, поинаку државата е практично на дното, последни сме не само во регионот, туку не рангираат и меѓу последните во светот според развојот."

Изјави професорот Мерсел Билјали. Крајно време е додава Билјали државното раководство да се освести за реланоста на состојбите за да не ги влоши последиците од своето пасивно држење во однос на нив. Опозицијата пак го повторува својот став, тоа што може да го смени правецот на процесите е распуштање на парламентот и нова политичка агенда којашто би одела во согласност со како што велат, определбата на најголемиот број од македонските граѓани земјава да стане дел од европските и евроатлантските структури.