Поланчец повторно осуден за корупција

Поранешниот хрватски вицепремиер Дамир Поланчец денеска е осуден за корупција, вторпат за четири дена.
Судот пресуди дека Поланчец ја злоупотребил власта при склучување на бизнис зделка и поради тоа е осуден на едногодишна условна казна.
Поланчец е највисок хрватски функционер кој е осуден за корупција. Минатата недела тој беше осуден на 15 месеци затвор поради злоупотреба на функцијата и на државните фондови.