Француските камионџии штрајкуваат со бавно возење

Француските воздухопловни власти соопштија дека половина од летовите од и кон парискиот аеродром Орли и 30 отсто од летовите на другите аеродрми утре ќе бидат одложени, поради штрајк.
За утре е закажан нов штрајк против пензиските реформи на претседателот Николас Саркози.
Илјадници бензински пумпи во земјата останаа без гориво по еднонеделниот штрајк во 12 рафинерии во Франција и по блокадата на дистрибуцијата на гориво.
Камионџиите штрајкуваат така што возат бавно по автопатите, а половина од возовите не сообраќаат.
Гласањето за пензиските реформи, кои треба да ја зголемат минималната возраст за пензионирање од 60 на 62 години, е закажано за во среда.