Русија разочарана од Израел

Русија им се придружи на САД во изразувањето разочаранот од плановите на Израел да гради нови доселенички згради во Источен Ерусалим. Русија смета дека тоа ги поткопува напорите за заживување на израелско-палестинските мировни преговори.
Во соопштение до јавноста, руското Министерство за надворешни работи изразува „екстремна загриженост и разочарување“ од израелската одлука.
Палестинските власти оценија дека одлуката има цел „да ја убие“ секоја можност за заживување на преговорите.