„Секта“ виновна за сударот меѓу воз и автобус во Украина?

Украинските власти не ја исклучуваат можноста виновник за несреќата меѓу возот и автобусот да е „деструктивна секта“, соопштува министерството за надворешни работи во Киев. Во сударот загинаа 44 луѓе. Од министерството соопштуваат дека ги разгледуваат сите аспекти за можни причини за несреќата, меѓу кои и тоа дека можеби возачот на автобусот припаѓал на некоја секта. Украинските власти за виновник за несреќата го обвинија возачот на автобусот кој поминал преку шините иако било вклучено црвено светло.