Повикувањето на последиците од глобалната финансиска криза најмалку имаат вредност за Македонија. Македонија според развиеноста е на многу ниско ниво и пред да настапи кризата,
Властите кај нас велат дека кризата сеуште не помината. Што би можело да бидат причините што во земјата нема прилив на странски инвестиции како што се најавуваше?
Повикувањето на последиците од глобалната финансиска криза најмалку имаат вредност за Македонија. Македонија според развиеноста е на многу ниско ниво и пред да настапи кризата, земјата има над 30% невработено, работоспособно население, Македонија има мал општествен БДП по жител, висок процент на сиромашни луѓе, така што овде сме во голема криза од секогаш, така што апсолутно не е вистина дека причина е светската криза. Крајно наивни се изјавите на одговорните дека инвеститорите само што не дошле.
Во јавноста се презентира една слика на странските инвеститори како спасители на домашната економија, дека тие ќе дојдат и се наеднаш ќе се опорави. Дали таквата слика е реална, дали странските инвеститори сами по себе можат да помогнат за економијата да излезе од оваа ситуација?
Не би требало да се очекува дека Македонија е место каде што може да дојде некој голем бренд, некоја голема компанија, затоа што во Македонија сега со оваа изолираност, непостои голема компанија која има економска логика да инвестира само за македонскиот пазар од два милиона жители. Било која голема светска компанија кога би имала намера да се лоцира во Македонија, треба да смета и на сите околни земји како потенцијален пазар. Такви инвеститори јас неверувам дека ќе имаме во блиска иднина.
Дали е коректно да се промовира земјава како потенцијално место за странски инвестиции со рекламирање на евтина работна сила како што е случај во некои од рекламите?
Во никој случај, тоа е крајно не соодветно. Точно е дека во источноевропските земји цената на работната сила е помала, само не е тоа најбитниот фактор. Тоа е кај трудоинтензивните гранки, како текстилната итн, и сведоци сме дека тука се користи тоа, меѓутоа за големи, крупни фирми треба висококвалификуван кадар што неможе да се ангажираат ако не им се понуди перспектива, ако не обезбедуваат стандард, затоа што и пазарот на работната сила ќе се интернационализира и младите талентирани луѓе не ќе седат тука за да работат за ниска плата.