За експертите изјавите на Владата за вклучување на ЕУ во спорот со Грција, се бегање од суштината на проблемот.
Бегање од суштината на проблемот и од неговата суштинска упатеност на билатералното разрешување со соседна Грција, или пак обид да се остане актуелен во рамките на ЕУ во период кога се заканува опасноста да бидеме подзаборавени. Вака генерално се гледа на оценката на Владата дека ЕУ би можела значително да придонесе во разрешување на спорот дадаена во вчерашната изјава на вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски.
,,Предлогот на Владата го сметам како поместување на внатрешните прилики на надворешен план со ЕУ. Може да се смета дека тоа на некој начин се избегнува од реалноста дека сепак билатералата ја има важната улога, сега." Изјави професорот Назми Малиќи.
За политикологот Влатко Божиновски во ваквите пораки може да се прочита и обид да се остане актуелен во рамките на Унијата која што може да го изгуби интересот за Македонија во период на долготрајна блокада и статус -кво во сега веќе наметнатиот услов да се најде компромис за спорот за името.
,,Целта повеќе ја гледам да остане актуелно, да останеме актуелни во Унијата инаку преговорите мора да продолжат во ОН, како што беше и до сега. Таму мислам дека некако сме поизедначени, бидејќи сме членки и ние и ЕУ, а во ЕУ ние не сме членки." Вели Божиновски
И двајцата експерти во таквото веќе арбитражно решавање на спорот не гледаат можност да се зголеми притисокот врз Грција како рамноправна членка на Унијата, а со оглед и на досегашнотот однесување на Унијата во кое таа го прогласуваше спорот за апсурден, но го чекаше неговото разрешување меѓу двете земји. Во евентуалното зголемено ангажирање на ЕУ во решавањето на спорот се` би зависело од довербата на нејзините членки во подготвеноста на нашето раководство да изнајде решение но таквата доверба, додава Малиќи кај повеќе од тие држави се губи. Посредништвото на ООН останува според експертите основната дипломатска помош на која што треба да се наслониме и која што го има дипломатскиот континуитет како предност. Според нивните препораки, треба да се почека и на есенскиот извештај на ЕК во кој треба да се види кои и какви очекувања и насоки би биле дадени во врска со решавањето на спорот или понатамошните чекори на Македонија кон ЕУ.
,,Предлогот на Владата го сметам како поместување на внатрешните прилики на надворешен план со ЕУ. Може да се смета дека тоа на некој начин се избегнува од реалноста дека сепак билатералата ја има важната улога, сега."
Целта повеќе ја гледам да остане актуелно, да останеме актуелни во Унијата инаку преговорите мора да продолжат во ОН, како што беше и до сега. Таму мислам дека некако сме поизедначени, бидејќи сме членки и ние и ЕУ, а во ЕУ ние не сме членки