Во Русија почна пописот на населението

Во Русија денеска започна нов попис на населението. Ќе трае до 25 овој месец и во него ќе учествуваат околу 650 илјади попишувачи. Се проценува дека руското население изнесува околу 142 милиона луѓе. Тоа е за 6 милиони помалку од времето на паѓањето на комунизмот во таа земја. Падот на популацијата се објаснува со високите стапки на смртност и на абортуси, но и со економската криза. Пописот ќе чини 17 милијради долари, а резултатите ќе бидат достапни кон крајот на идната година.