Тројца војници на НАТО загинале денеска во западниот дел на Авганистан во експлозија на бомба, соопштија од меѓународната мисија за поддршка на безбедноста во таа земја. Не се соопштени детали за националноста на војниците, но во тој дел на Авганистан има распоредено американски, италијански, шпански и литвански трупи. По овој напад, бројот на загинатите војници во Авганистан во оваа година се покачи на 584.