Посетата на Клинтон, знак на приврзаност на САД кон Балканот

Посетата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон на Балканот е знак на приврзаноста на САД кон регионот и неговата интеграција во Европа. Ова го изјави портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули, додавајќи дека пред земјите на Балканот стојат големи можности како членство во Европската унија и НАТО, но и одговорности што тие земји треба да ги преземат. Клинтон во изминативе три дена престојуваше во Сараево, Белград и Приштина.