Натпревар на трактористи

Од натпреварот во Старо Нагоричино

Општината Старо Нагоричино интензивно работи за подобрување на земјоделието. Во селото беше организиран натпревар на трактористи.
Земјоделската Општина Старо Нагоричино интензивно работи на подобрување на условите на земјоделците. Во таа насока беше и организатор на 51-от државен натпревар на трактористи од пет региони од земјава. Според градоначалникот Миодраг Јовановиќ во козјачко-пчињскиот регион има добри услови за производство на здрава храна:

„Општината Старо Нагоирчино е прва во РМ која во соработка со Земјоделскиот факултет од Скопје има направено педолошка карта. Нашите земјоделци имаат парцели за кои знаат од каков тип се, какви семенски материјали и заштитни средства треба да користат.“

Локалната самоуправа настојува на земјоделците да им се обебзеди и соодветна едукација,за што има добра соработка и со Агенцијата за унапредување на земјоделието. На натпреварот за најдобри трактористи на Република Македонија кои ќе ја претставуваат на
Пет региони, од Гостиварскиот, битолскиот, валандовскиот, кочанско-пробиштипскиот и скопско-кумановскиот. Двајца или тројца од нив ќе одат на Светското првенство во Шведскa
Светскиот натпревар во Шведска, учествуваа 35 трактористи во две категории, од:

„Пет региони, од Гостиварскиот, битолскиот, валандовскиот, кочанско-пробиштипскиот и скопско-кумановскиот. Двајца или тројца од нив ќе одат на Светското првенство во Шведска.“

Вели Перо Митрев член на Светската организација на трактористи. Трактористот Кире Трајчевски од Ресен, кој веќе 11 години активно се натпреварува вели:

„Најважно за натпреварот е концентрацијата во повеќе сфери. Прво е да се дотера тракторот, плуговите.“

Еден од организаторите на ваков вид манифестација која не првпат се одржува во Старо Нагоричино е
Првиот натпревар во 1958 –та година се одржа во Факултетското стопанство–Трубарево. Имавме само два трактора и шест натпреварувачи
Народна техника на Република Македонија, која има поддршка и од Министерството за образование. Професор др Христина Спасевска од оваа невладина организација вели:

„Имаме фонд кој е насочен кон натпреварите во основните и средните училишта, а дел од парите се насочуваат и кон вакви натпревари и кон светските натпревари. Имаме поддршка од општините,од Агенциите на локалната самоуправа и од Министерството за земјоделство.“

Дел од средствата се обезбедуваат и преку спонзорства, a иницијаторот и еден од основачите на ваквата натпреварувачка манифестација професор др Мите Стаменковски за почетоците на натпреварот на трактористите се сеќава:

„Првиот натпревар во 1958 –та година се одржа во Факултетското стопанство–Трубарево. Имавме само два трактора и шест натпреварувачи. Тоа беше усвојување на правилата и принципите за натпреварување. Прво беше закажан сојузен, па републички и регионални натпревари. Подоцна успеваме преку Народна техника да се организираат натпреварите.“

Професорот Стаменковски вели дека од нашата држава имало трактористи кои освојувале и по пет-шест награди,а еден од нив освоил и прво место на Светскиот натпревар. На последниот натпревар Катерина Јаневска од селото Тумчевиште беше единствената жена тракторист.