Македонија ќе се задолжи кај ММФ

Кредит од ММФ за да се „закрпи“ на буџетската дупка?

Според експертите, Македонија има огромен проблем со внатрешната неликвидност, а кредитот од ММФ е под поволни услови, но не треба да се користи непродуктивно
Македонија ќе земе пари од ММФ. По ударот на светската економска криза, по неколку ребаланси на трошоците од буџетската каса, власта се обрати кај институцијата за која што речиси две години тврдеше дека не ни е потребна и се држеше на стенд бај. Заемот се случува откако Македонија го повлече основачкиот капитал во меѓународната организација. Оттука и прашањето, дали на финансиски план е дојден ,,нож до коска". Добивањето кредит од ММФ не е значен успех за земјава, бидејќи таа институција заеднос со Светската банка им нуди пари на сите земји, појаснува професорот Тихомир Јовановски:
Мислам дека заради условите што ги дава ММФ тој кредит треба да се земе предвид, особено што не е условен со економски политики, а е со многу ниска каматна стапка и долг рок на отплата. Меѓутоа ако кредитот се земе, како што оваа влада има обичај да го претвори во потрошувачка што никаде не завршува би бил штетен


,,Така што да не се свати тоа како некој голем успех на преговарачите, во смисла дека земјата е во таква брилијантна состојба па еве и нудат средства, не. Тоа што досега не се добиле средства мислам дека Македонија е виновна."

Македонија веќе извесно време има проблем со неликвидноста и единствено Грција е во полоша состојба од нас, смета професорот и додава:

,,Сигурен сум во тоа дека неможе да се каже дека има добри статистики за економија, која што има висок степен на внатрешна неликвидност. Никогаш Макеоднија откога паметам од 90-тите години па наваму, немала таков проблем со неликвидноста."

Поранешниот министер за финансии, професор Никола Поповски вели дека станува збор за сосема нов инструмент на ММФ. Кредитот би требало да и припадне на македонската влада и нема да има контрола на трошењето на парите:

,,Мислам дека заради условите што ги дава ММФ тој кредит треба да се земе предвид, особено што не е условен со економски политики, а е со многу ниска каматна стапка и долг рок на отплата. Меѓутоа ако кредитот се земе, како што оваа влада има обичај да го претвори во потрошувачка што никаде не завршува би бил штетен, затоа што тој еден ден пак ќе треба да се врати, парите ќе се потрошат, а ништо не останува, како и досега што правеше оваа влада."

Кредитот би можел да се искористи за исплата на еврообврзницата од 2008 година, смета Поповски и додава:

,,Евентуално ако има некои инвестициски проект да го пополни со средствата од ММФ, меѓутоа доколку би го финансирала дефицитот во општа смисла, мислам дека би било многу голема грешка за Македонија."

Инаку Македонија се интересира за кредит од ММФ во износ од 400 милиони евра, а од Светската банка би се побарале 200 милиони евра.