ЕУЛЕКС и КФОР на северот на Косово

Вежби на КФОР и НАТО во кампот врело во Август 2010

Засилените акции за сузбивање на криминалот што деновиве на северот на Косово ги спроведуваат ЕУЛЕКС и КФОР за белградските власти претставуваат психолошко пропагандна акција и злоупотреба на нивната кооперативност. Од друга страна, зачестија предупредувањата дека тој дел на Косово станал засолниште за криминалците од двете страни.
Официјален Белград нема разбирање за засилените контролни мерки на граничните премини Брњак и Јарине, за кои ЕУЛЕКС и КФОР велат дека имаат за цел да се зголеми безбедноста на Косово. Српскиот министер за Косово и Метохија Горан Богдановиќ вели дека овие акции народот ги доживувал како психолошко пропаганден притисок.

Целосно е погрешно оваа наша кооперативност да се злоупотребува и да се извлекува од контекст. За таквото натрупување на сили ниту бевме консултирани, ниту пак информирани.
За такво натрупување на сили ниту бевме консѕлтирани, ниту пак известени ...

Претставниците на србите од северниот дел на Косово веќе изразија страхување дека ваквите акции против криминалот што ги спроведуваат ЕУЛЕКС и КФОР всушност претставуваат параван за воспоставување на косовските институции. Во меѓувреме, во Митровица деновиве беа упасени двајца браќа за кои поради извршени тешки кривични дела трага и српската полиција. Тоа го потврди и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ кој додава дека борбата против криминалот не треба да се политизира.

Министерството за внатрешни работи нема никакви врски со акциите на КФОР, на ЕУЛЕКС или на косовската полиција. Комуницираме така што тие не известуваат по нивното изведување.

Вели Дачиќ. Еден од претставниците на србите на Косово Рангел Нојкиќ, потсетувајќи дека северот на Косово станал засолниште за криминалците од двете страни додава дека Белград со ваквите критики на меѓународните акции на северот на Косово, дава лоша слика оти го штити криминалот.

Со вода врз војниците на НАТО и КФОР кај Врело на 17 Септември за време на вежбите


Познато е дека северниот дел всушност е собиралиште на луѓе со криминално досие и тоа не само за србите, туку и за албанците. И албанците кога ќе дојдат во судир со законот на Косово бегаат во северниот дел. Ваквите акции се во интерес и на Белград и на Приштина.

Со ваквото тврдење се согласува и српскиот министер за Косово Горан Богадновиќ кој сепак и со објаснување за што всушност им забележува на ЕУЛЕКС и на КФОР.

Јас само говорам за демонстрирање на сила. Ако се апсат криминалци нема потреба тоа да се прави со толку војска и оружје. Се знае како се прави тоа. Не сме против апсењето криминалци, туку за начинот на апсењето.

Спомнатите два премина, локалните косовски срби ги запалија на 19 февруари 2008 година, два дена откако Косово прогласи независност.