Премиерот Никола Груевски на сите граѓани на Македонија им го честита Денот на народното востание 11 Октомври. ,,На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание, на сите херои кои беспоштедно ги дадоа своите животи за остварување на една возвишена цел слободата, но и можноста македонскиот народ да ја гради својата иднина и просперитет во слобода. Наша обврска останува да го чуваме она за што нашите предци го дадоа својот живот и да продолжиме да го даваме својот придонес во нашите заеднички заложби за зачувување на основните вредности на кои е втемелено нашето општество соживот, меѓусебно разбирање и почитување меѓу сите граѓани на Македонија, се вели во честитката на македонскиот премиер.