Иако со години се спроведуваат реформи, јавното здравство е во катастрофална состојба, а се повеќе пациенти се пренасочуваат кон приватните болници.
Огромен метеж, чекање на ред со часови за преглед, за снимки, па дури и за некоја рутинска операција, нељубезни медицинкси сестри, застарени медицински апарати и лоши услови за пациентите. Вака граѓаните што ги сретнавме пред една државна клиника го опишуваат своето искуство и состојбите во јавното здраство.
,,Нема апаратура, нема никакви услови. Бидејќи сум за прием, кога прашав што треба да си носам, ми рекоа, имаме само чаршави. Мислам дека тоа кажува се“
,,Услови слаби, имам закажано операција и уште чекам да ме викнат. Од сабајле сум тука, па се надевам дека до кај 14 часот ќе завршам.“
Стручниот кадар од државните се префрла на приватните клиники,,Валкано е, хигиената не е на задоволително ниво.„
,,Катастрофа. Ја кријат корупцијата, камерите ги креваат нагоре и без пари не ,,те фермаат“.
Здравството тоне
Поранешниот министер за здраство Ѓорги Оровчанец вели дека здраството денес се наоѓа во најлоша состојба од кога и да е, реформите не се успешни, нема доволно пари за функционирање на клиниките и има отсуство на организирана структура, вели тој.
,,Она што се случува во јавното здравство е практично само уште еден обид за партизација на целото општество вклучувајќи го и здравството. Имаме цело време популистички систем на владеење со кој се сака да се прикаже дека состојбата во здравството е добра, дека се инвестира и дека нешто се прави.“
Претседателот на македонското лекарско друштво Јован Тофовски вели дека Македонија како социјална држава по Устав треба да има државно здраство кое на сите пациенти ќе им обезбеди медицинска нега во секое време и место, но според здраството не е на висина на задачата поради ниските плати на лекарите и партиските кадри.
,,Платите во јавното здравство се многу мали, потоа има често пати партиски функционери кои што често пати вршат МОБИНГ врз луѓето, така да не е само платата, тоа е една работа, а друго е таа непријатна внатрешна атмосфера што е создадена.“
Професорот и неврохирург на државната клиника Кирил Лозанче вели дека во принцип се сложува со забелешките на пациентите, но дека таква е ситуацијата и во други земји.
,,Дека овдека се чека се чека, но и на запад во јавното здравство мора да се чека. Не е ништо ново тоа.“
Некои од пациентите сметаат дека проблемот е и во тоа што сите од внатрешноста доаѓаат да се лекуваат во Скопје.
,,Искуството е такво да е многу лоша поставеноста на здравствените установи кај нас бидејќи здравството ни е централизирано, се се случува во Скопје и оние пациенти кои што се од Скопје и останатите од цела Македонија доаѓаат тука и многу е тешко и за персоналот и за пациентите особено, така што севкупно што се однесува до персоналот и администрацијата е страшно.“
,,Се се донесе во Скопје, се уништија регионалните центри каде што во минатите времиња имаше исто така големи стручњаци, лекари, а сега цела Македонија е упатена на Скопје.“
Здравствениот кадар од јавното се префрла во приватното здравство
Во последно време со отварањето на се повеќе приватни клиники голем дел од медицинските лица решаваат кариерата да ја продолжат таму, па поради ваквиот тренд во државните здраствени установи недостигаа кадар. Директорите на овие институции побараа министерството да им одобри нови вработувања. Министерот Бујар Османи изјави дека незнае дали барањето ќе се реализира бидејќи владата поради антикризните мерки забрани нови вработувања.
Државните здравствени установи со години не реновираниВо измените на законот за здраствена заштита кој е во собраниска процедура се вели дека одливот на кадар ќе се надминува со прераспределување на кадрите од една во друга болница. Но, се уште не се знае дали и како тоа ќе биде спроведено. Поранешниот директор на Клинички центар и професор Андреја Арсовски кој сега работи во една од приватните клиники вели дека неможат да се споредат условите кои ги нудат тие за разлика од државните.
,,Во однос на условите што ги нуди приватното здравство секако е во предност, заради неограничените можности за набавка и на најквалитетна опрема и на најдобрите потрошни материјали.“
Арсовски додава дека во јавното здраство има хроничен недостаток на финансиски средства бидејќи цените на услугите се ниски и затоа е полесно да се работи приватно и тоа е една од причините поради кои докторите ги напуштаат државните клиники.
,,Условите за работа се многу важни во секоја струка, а посебно во медицината, меѓутоа мислам дека уште поголема причина е што и пациентите одат во јавното здравство.„
Сепак пациентите велат дека единственото нешто кое се уште вреди во јавното здраство е стручноста на докторите и тие се задоволни од начинот на кој докторите ја извршуваат нивната работа.
,,Лекарите се добри„
,,Што се однесува до квалитетот на услугите, стручноста на лекарите, моето искуство кажува дека тие се на ниво.“
,,Добрите лекари избегаат и отидоа по приватните болници.“
,,Апсолутно тврдам дека има лекари, меѓутоа нема никакви други услови.“
Но, Тофовски вели дека и во иднина може за да се очекува одлевање на кадарот, бидејќи натаму ќе постои незадоволство од условите за работа а со тоа ќе се изгуби и квалитетот на услугата. Тоа на своја кожа најмногу ќе го почуствуваат граѓаните кои немаат доволно пари да се лекуваат на приватните клиники.
,,Со тоа генерално состојбата на населението во целина ќе се влоши. Тие што имаат средства ќе одат на приватна клиника и ќе имаат квалитетна здравствена заштита, но ние треба да мислиме за мнозинството, а тоа се тие што немаат.“
За Оровчанец трендот на заминување на медицинските лица имаат загрижувачко темпо, а и тие што останеле ќе бараат ново работно место. Новите кадри ќе немаат од кого да учат што ќе резултира со неможноста да се изврши обична рутинска интервенција, вели тој.
,,Во наредниот период ние ќе влеземе во еден драстичен пад на квалитетот што веќе се случува, но ќе биде многу поизразено затоа што и банални, рутински работи ќе нема кој да ги изработи, освен ако не бидат во приватното здравство каде што сеуште ќе има еден систем кој ќе функционира на едно друго ниво.“
Операција на еден малигном на дојка во државната Клиника не се наплаќа за разлика од приватните каде истата операција таму чини 1000 евра. Арсовски вели дека тие гледаат цените да бидат прифатливи за македонскиот стандард иако тие се доста повискоки во однос на државните бидејќи таму пациентите плаќаат таму само партиципација. Голем дел од нив сепак се решаваат за интервенција на приватните клиники бидејќи одат со помислата „ знам што плаќам и што добивам“ вели тој.
,,Тој резон се почесто и почесто доаѓа го израз кај пациентите, заради тоа што често пати несигурноста и одредени манипулации што се случуваат во јавното здравство ги тераат едноставно да одат по една чиста математика, каде што знаат кој квалитет на услуги ќе го добијат, со какви резултати ќе излезат од лекувањето, во какви услови тоа ќе го направат и на крајот на краиштата знаат зошто тоа го плаќаат.“
Добриот третман чини
Лозанче се сложува дека на приватните клиники има подобри услуги и нега, но затоа лекувањето не е бесплатно како на државните.
,,Тука тие се лекуваат со плаво картонче, беспари, а таму си плаќаат приватни услуги и нормално дека поради тоа таму ќе биде почисто, ќе има подобра нега итн.“
Арсовски додава дека цените би се намалиле доколклу фондот за здрвство г и покрива трошоците и за лекување во приватните клиники.
,,Жалосно е што сите оние осигурани неможат ниту дел од своето осигурување да го искористат во приватните установи, така што во иднина веројатно некои дополнителни осигурутелни фондови, приватни или како и да се реши тој проблем, неминовно е да се реши тоа на задоволство на пациентите.“
Тофовски вели дека за граѓаните навистина да сакаат да ги изберат државните клиники, не поради ниските цени туку поради нивниот квалитет потребно е пред се владата да обезбеди повисоки плати за лекарите и да овозможи подобра опрема.
,,Душата и срцето на системот се здравствените работници, ако тие се незадоволни како може пациентите да се задоволни, ако нема квалитетна опрема, медикаменти, тоа ги депримира луѓето.“
Оровчанец изгледот го гледа во промената на владејачката гарнитура.
,,Една единствена работа што може да се направи, тоа е да падне оваа влада, која не убедува дека здравството е во најдобра состојба, а 20 години ништо не се направило во здравството. Она што сега се прави во здравството е комплетно погрешно, дисфункционално, загрижувачко за пациентите.“
Според Лозанче државата најпрвин треба да направи концепт колку ќе има приватни а колку државни клиники.
,,Неможе да отвараме нон стоп гинеколошки приватни клники, а од друга страна не ни требаат ниту две од тие пет, тоа е прво, второ треба да се почне, да се инвестира во опрема и со едукација на кадри. Без едукација на кадри никогаш неможе да се добие квалитет.“
Во Соединетите Американски држави чие население изнесува повеќе од 5 проценти од светското, минатата година се потрошени 2, 5 трилиони долари за здраство, и само за едне човек се трошат по 8091 долар. За разлика од таму, во Бурунди за време на животниот век на еден жител се трошат 2,9 долари. Во Туркменистан и Куба има најмногу лекари односно еден лекар се грижи за 140 или 170 лица. Во Нигерија и Малавија има по еден лекар на повеќе од 50 илјади луѓе. Болест која најбргу се шири во светот е дијабетесот, а годишно 50 милиони луѓе умираат од хронични болести.

Се се донесе во Скопје, се уништија регионалните центри каде што во минатите времиња имаше исто така големи стручњаци ...

Тие што имаат средства ќе одат на приватна клиника и ќе имаат квалитетна здравствена заштита ...