Политичката стабилност и членството во ЕУ и НАТО се клучните фактори за привлекување странски инвеститори, велат упатените.
Политичката стабилност и членството во Европската унија и НАТО се влијателни фактори за привлекување на странски инвестиции, се согласуваат упатените. Британскиот амбасадор во земјава Кристофер Ивон, во неделното интервју за Радио Слободна Европа, смета дека за потенцијалниот инвеститор важно е земјата да биде членка на европското семејство. На прашањето дали британските инвеститори се жалеле на некакви пречки при нивните планови за инвестиции, Ивон вели:
,,Мене лично не ми потврдиле, но сфаќам дека ако јас сум инвеститор, за мене би било важен фактор земјата да биде членка на ЕУ и НАТО. Со тоа би се покажало дека има степен на хармонизација на бизнис практиките и економските закони, кои задоволуваатразбирливи стандарди.“
Британските инвеститори се заинтересирани за неколку основни принципи кои државата треба да ги задоволи, додава британскиот амбасадор.
,,Станува збор за три принципи: предвидливост, јасност и фер услови. Кога инвеститорите гледаат дека во земјата тие принципи се воспоставени, тоа им дава доверба дека можат да инвестираат.“
Политичката стабилност е само еден од факторите на кој инвеститорите обрнуваат внимание, смета економскиот аналитичар Шенај Хаџимустафа:
,,Тука е и политичката стабилност, односно нестабилноста во нашата земја влијае за да самите инвеститори бидат незаинтересирани, самата стратешка позиција и проблемите што ги имаме, билатералните со нашиот сосед, тоа влијае за да се зголеми ризикот за инвестиции во нашата земја.“
Членството во ЕУ и НАТО секако им се битни на инвеститорите, но потребно е и да се задоволат други критериуми за странски приливи, додава Хаџимустафа:
,,Како функционираат институциите, како се спроведува правото, каква е заштита на сопственичките права, значи сите тие фактори дополнително влијаат за да може самите инвеститори да бидат заинтересирани и да вложуваат во нашата земја.“
Инаку, според официјални податоци, лани во земјава биле инвестирани 248 милиони долари, што според Обединетите нации е најскромна инвестиција во регионот.
,,Мене лично не ми потврдиле, но сфаќам дека ако јас сум инвеститор, за мене би било важен фактор земјата да биде членка на ЕУ и НАТО. Со тоа би се покажало дека има степен на хармонизација на бизнис практиките и економските закони, кои задоволуваат
Станува збор за три принципи-предвидливост, јасност и фер услови...