Попустливост за името?

Премиерот Никола Груевски

Покажува ли власта попустливост во преговорите за името, откако премиерот Груевски изјави дека црвените линии не се вистинскиот начин за решавање на проблемот.
Покажува ли македонската страна знаци на попусливост во водењето на преговорите со Грција, откако вчера за прв пат премиерот Никола Груевски рече дека црвени линии не се вистинскиот инструмент за решавање на спорот со името? Проф. Димитар Мирчев објаснува дека спорните линии кои Грција ги поставува, се црвени линии и за нас.

,,Овие битни точки за нас, како што се националниот идентитет, опстанок на националната држава, културата, јазикот, историјата... Тоа се за нас исто така точки на црвената линија.“
Доколку навистина дојде до извесно поместување, попуштање, ние сме апсолутно би биле спремни да одиме во разговори за крајно решение...

Изјавата на Груевски дека црвените линии кои Грција ги наметнува креираат лоша атмосфера, според Мирчев е апел до Грција да се откаже од како што вели ултимативните барања:

,,Доколку навистина дојде до извесно поместување, попуштање, ние сме апсолутно би биле спремни да одиме во разговори за крајно решение.“ изјави Мирчев.


Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека Грција, односно црвените линии што таа ги поставува го кочат напредокот во преговорите.

,,Грчките црвени линии претставуваат црвен картон за изнаоѓање на решение за разликите околу името. Грција конечно треба да престане да биде рампа која го попречува процесот на евроинтеграциите на Македонија.“ изјави Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.

На нашето конкретно прашање дали македонската страна има црвени линии и кои се тие, го добивме веќе слушнатиот одговор.

,,Црвените линии на Република Грција коишто во овој момент се пласираат од страна на нивното раководство преставуваат црвен картон за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.“

Од Демократската Унија за интеграција, пак, велат дека е тешко да се каже дали владата попушта во водењето на преговорите, но декларативно и двете страни покажуваат интерес што поскоро да се реши спорот со името.

,,Фактот е што е предвидливо дали можеме да препознаеме таква спремност или не, сепак декларативно и двете страни се спремни да разговараат и да изнајдат решение.“ изјави Тахир Хани од ДУИ.

Во вчерашниот говор на премиерот беше кажано и дека пристапот на македонската страна е поинаков од оној на спротивната и оти проблемот со името мора да се реши преку дијалог и во разговори со взаемно почитување.