Повеќето од градоначалниците се жалат дека без зголемување на финансиските средства, неможе да се зборува за успешен процес на децентрализација.
За да биде една децентрализација на власта потполна, неопходно е да се случи тоа што се предлага веќе подолго време, а тоа е да се зголеми данокот на додадена вредност и да се префрли земјиштето во сопственост на општините, за што уште нема политичка волја. Дел од градоначалниците мислат дека тоа е централно прашање без кое овие процеси немаат сила. Општините во внатрешноста имаат уште многу работи што треба да ги направат зашто и натаму таму е најголем бројот на невработените, бидејќи сите клучни институции се наоѓаат во главниот град. Затоа потребна е поголема деконцентрација:
„Општините не ја доживеаа својата полна форма од аспект на финансиските средства од централната на локалната власт. Со 3 отсто ДДВ и 5 отсто Персонален данок во вкупните собирани средства на ниво на држава, споредено со сите земји во регионот, јасно е дека немаме финансиска децентрализација“, вели градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.
Но, освен што на површина го исфрла конфликтите меѓу внатрешната и локалната власт, во голема мера, децентрализацијата е тема која ги покажува разликите во политичките кампови. Она што ме чуди е што во јавноста толку многу се зборува и се расправа за нефункционалноста на децентрализацијата, неопходноста од помало влијание на централната власт, а јавноста толку малку знае за содржината на тие предлози. Од друга страна упорно се зборува за доминација на централната власт на пример во образованието, а всушност на маса очигледно имаме нешто сосема поинакво, коментира поранешниот градоначалник на Гостивар Незвзат Бејта, висок фукционер во албанскиот коалициски партнер ДУИ.
„Еве на пример, парите што доаѓаат од блок дотации, некои градоначалници ги злоупотребуваат. Наместо да ги делат на училишта, им доделуваат помалку средства, што е нелогично. Ако сака некој да инвестира треба да додели пари од буџетот на општината.“
Ќе биде многу значајно капацитетот на локалната самоуправа да се подигне на одговарачко ниво за да може проектите кои се битни за граѓаните да бидат одредени на најуспешен начин. За ова се потребни способни луѓе што е цел на локалната самоуправа. Потребна е промена на курсот и од централни теми да се свртмие кон проблемите на луѓето во помалите средини за да може оваа држава да дава еднакви шанси за сите, вели градоначалникот на Прилеп Марјан Ристевски:
„Може да се категоризира данокот на имот во смисла на викендици, лускузни куќи итн., значи да се зголеми што сметам дека ќе доволен и сигурен извор.“
Во овие три години од децентрализацијата првата година помина во адаптирање на законите. Бенефитите уште не се препознаени особено од фискалната децентрализација.