Во владата без реакција за пораката од меѓународните претставници дека без решение на името нема членство во НАТО. Аналитичарите не очекуваат решение во скоро време.
По низата реакции од меѓународните претставници дека Македонија не треба да се надева на членство во НАТО, без да го реши спорот со името, македонските власти без реакција. Од Министерството за надворешни работи не сакаат да ги коментираат последните изјави од Брисел и меѓународната заедница. Се повикуваат на последните изјави на министрите Милошоски и Коњаноски во Соединетите Држави, кога побараа решавањето на спорот за името да не биде услов за прием во НАТО и Европската унија, туку тоа, како билатерален проблем да се решава паралелно низ преговорите.
За аналитичарот Слободан Чашуле излез од ваквата ситуација во догледно време нема да има, поради како што вели, неможноста на меѓународната заедница да се справи со овој проблем.
„Ако меѓународната заедница ја совлада оваа своја, да ја наречеме, времена слабост и ја натера Грција сега да седнеме, нам ни се пружа можност да го оствариме решението на кое подолго време се работи, а тоа е да имаме сложено име за меѓународна употреба, тоа сложено име да не им биде наметнато со било каков документ на ОН, на државите во светот и да не го менуваме Уставот.“
Проблемот е јасен вели професорот по меѓународно право Денко Малески. Треба да се помириме со фактот дека оваа владина гарнитура ќе се обиде да ги оствари стратешките цели на поинаков начин, а не преку решавање на проблемот со името, вели Малески:
„Ако единствената стратегија е водење на правото, водење на тврда политика, значи не политика на прилагодување, бидејќи нели според нив, правото е на наша страна, тогаш мислам дека уште долго ќе се начекаме за да ги оствариме стратешките цели.“
И професорот Хасан Јашари се согласува дека владата мора да ја промени стратегијата во водењето на преговорите со Грција. Власта вели тој мора да се соочи со јавното мислење и јасно да ги дефинира своите цели.
„Времето измина, а резултати нема. Дијалогот со Грција се влоши, ги губиме пријателите, ја губиме меѓународната поддршка. Крајно време е Влдата да има нова стратегија и тоа пред јавноста треба да се презентира“, изјави Јашари.
За домашната јавност повеќе од јасно е дека спорот со името е главниот кочничар во евроатланските интегративни процеси. Но, мислењата за тоа што конкретно македонската страна треба да преземе, остануваат поделени.

Mинистерот за одбрана Зоран Коњаноски со американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на 4 октомври во Вашингтон