Вработените во државните служби во Грција денеска се во 24 часовен штрајк поради мерките на владата за штедење. Синдикатите тврдат дека мерките на владата за намалување на платите и пензиите и зголемувањето на даноците ја кочат економијата, има отпушатња од работа, а многу мали фирми пропаднале. Грчката влада е принудена на вакви мерки поради големиот буџетски дефицит и засега нема намера да се откаже од нив.