Претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски ќе се обрати пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, во рамките на есенската сесија. Предвидени се и повеќе билатерални средби меѓу кои и со претседателот на Парламентарното собрание, Мевлут Чавашоглу, како и со претседателот на Европскиот суд за човекови права, Жан-Пол Коста. Груевски синоќа во Советот на Европа во Стразбур ја отвори изложбата на слики насловена „Културата е значајна - места во Југоисточна Европа вклучени во светското наследство на УНЕСКО“. Изложбата ја организираа постојаните мисии на Македонија, Австрија, Албанија, БиХ, Србија, Хрватска и Црна Гора.