Најавата на СДСМ за протест, ја разбранува прилепската локална самоуправа. Сепак општината го дозволи протестот.
Политичкото ривалство меѓу прилепската локална власт од ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ ја разбранува прилепската јавност во пресрет на најголемиот национален празник 11 Октомври. Прилепските сдсмовци на прес најавија дека на овој ден ќе одржат голем народен собир на плоштадот Методија Андонов-Ченто, во центарот на градот.
„Сега е моментот да се кренеме на нозе и да покажеме дека не го толерираме овој ненародниот режим, дека не сакаме поделби, декасакаме да живееме како еден народ и да напредуваме како една земја. Предолго сме жртви на една катастрофална политика, политика која наместо напредок, ни донесе сиромаштија и бесперспективност“, соопшти прилепскиот лидер на СДСМ, Илија Јованоски.
Но, остана енигма кои истакнати членови на партискиот врв ќе го удостојат собирот и дали ќе присуствува лидерот Бранко Црвенковски.
По оваа вест, локалната самоуправа итно се мобилизира. Ѕвонеа телефоните на новинарите, со најава дека ќе има одговор на пресот на СДСМ за 2 часа. А, таму наместо одговор, новинарите добија извинување:
„Малку лошо се изразив, значи се извинувам пред се заради тоа. Станува збор значи како што кажав само за информативна средба и повикување на една информативна прес-конференција каде што можеме да ја изложиме програмата по повод 11 Октомври“, се извини порпаролката Кате Крстеска, откако ја соопшти агендата на локалната самоуправа по повод празникот.
Кавга ВМРО ДПМНЕ - СДСМ
Логистика на Крстеска, беше директорот на јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови, Бранко Нешкоски, кој сепак даде дециден одговор, на прашањето дали СДСМ може да одржи народен собир на плоштад за време на празникот.
„Апсолутно право е збирање, јавен собир на било која организација, ама 10 и 11 октомври е празник без политички предзнак.“
Во целата оваа ситуација, најзасегнат беше градоначалникот Марјан Ристески. Тој влезе во дуел со партискиот врв на опозицијата во Скопје, а за тоа време прилепските сдсмовци само го следеа текот на настаните, без да дадат каква било изјава.
Иако Ристески ден потоа беше на ставот дека плоштадот е сопственост на сите граѓани кои за време на државните празници сакаат да уживаат, а не да се оптеретуваат со политика, тој наредниот ден лично го покани лидерот на СДСМ, Црвенковски да види „како треба да се работи, а не само да се разнебитува“.
„Одобрението ви е изготвено и бидејќи сте решиле да го погазите историското и обединувачкото, плоштадот Методија Андонов-Ченто ве очекува, а ние прилепчани, нашата програма ќе ја прилагодиме на вашата амбиција за разнебитување и за власт-спротивно на идеалите на овој празник“, рече градоначалникот Ристески.
Тој сепак дозволи да победи демократијата или пак службите на локалната самоуправа констатираа дека нема закон со кој се забранува народен собир за време на празник во Прилеп и во државата.
„Сега е моментот да се кренеме на нозе и да покажеме дека не го толерираме овој ненародниот режим, дека не сакаме поделби, дека
Апсолутно право е збирање, јавен собир на било која организација, ама 10 и 11 октомври е празник без политички
предзнак.