Името предуслов за НАТО

Иако Македонија и натаму ја има подршката од САД, експертите велат дека спорот за името останува предуслов за влез во НАТО.

САД остануваат важен стратешки партнер во евроатланската интеграција на земјава, посочуваат упатените. Влезот во оваа институција подразбира воени и политички реформи меѓутоа и покрај тоа што Македонија ги исполни повеќе од нив останува спорот со името останува предуслов за влез во НАТО, вели професорот Никола Дујовски од Факултетот за безбедност.


„Мислам дека додека не се реши проблемот со името ние ќе останеме надвор од НАТО, веројатно тоа е единствениот проблем Што го оптоварува нашиот влез во НАТО, затоа сто реформите од областа на политиката и воениот дел Македонија ги заврши.“

Со ова се согласува и претседателот на Евроатланскиот совет, Исмет Рамадани. Според него надлежните треба да создадат позитивна клима која треба да води кон компромис.

„Нема потреба со јазик кој провоцира, јазик кој создава бариери во комуникацијата треба преку еден нормален тек, преку комуникација да го надминеме проблемот и Македонија да биде дел од Алијансата.“

Според професорот Мерсел Биљали, пак, во последно време се забележувало заладување на стратегиските односи меѓу Македонија и САД.

„За жал во нашите погрешни постапки, нашето водство цело време ја игнорира реалноста и неслучајно ги оладија видно односите со Македонија, за разлика со Србија која ги затоплува односите и тие се главни подржувачи на Србија во евроатланското интегрирање.“

Освен исполнувањето на критериумите во областа на правосудството, борбата против корупцијата, дел од обврските што земјата ги има кон приближувањето кон Алијансата е и учествотово во странските мировни мисии. Таквата стратегиска политика на Македонија е добра, но не и пресудна за влез во НАТО, смета професорот Дујовски.

Ние сакавме да се надеваме дека учеството во мисиите ќе биде од корист, меѓутоа гледаме дека Македонија е една од најприсутните
земји.


„Ние сакавме да се надеваме дека учеството во мисиите ќе биде од корист, меѓутоа гледаме дека Македонија е една од најприсутните земји, особено во Авганистан, таму сме пред многу поголеми земји кои се дел од НАТО, а сепак гледаме дека немаме еднаков третман во валоризација на таквите напори.“

И покрај моралната поддршка што Македонија ја доби од страна на САД, самитот во Букурешт ги потврди сомневањата дека без решение на спорот за името, Македонија останува надвор од НАТО.