Неколку автокомпании за превоз на ученици од Кумановскиот крај, одржаа протест поради изгубената работа откако на тендер превозот им бил доделен на други компании.
Дваесетина фирми за превоз на ученици од Општините Куманово и Липково со протест по главните градски сообраќајници во Куманово го изразија своето незадоволство, според нив, поради изгубената работа и неостварената соработка со компаниите кои го добиле тендерот за превоз. Тие ја обвинуваат и локалната самоуправа за недоследнoсти за автопревозот. Од локалната самоуправа пак сметаат дека тоа е политички исконструирано за да се дискредитира работата на локалната сaмоуправа. Родителите на учениците од липковските села пак велат дека не е исклучен и бојкот на настава, бидејќи не се задоволни од превозникот.
„Тендерот го добија само две компании. Ние имаме по три-четворица вработени кои мораме да ги отпуштиме. Регистрирани сме и ги исполнуваме стандардите за превоз. Плаќавме по 1.500 евра за линии, а не можеме да заработиме ниту за гориво, а не за давачките на општината и на државата“, реагира Ласте Станојковски од компанијата „Јоцо турс“ од Куманово.
Оштетените автокомпании велат дека не е исклучено возилата да ги однесат на отпад за старо железо,оти немаат работа, бидејќи компаниите кои добиле на тендер не сакаат годинава да ги ангажираат за работа, оти тие пред распишување на тендерите си купиле нови автобуси.
„Направија тенедер со директорите на Земјоделско и училиштето „11 Октомври“, како на нив им одговара.Сега направија русвај. Државата им плаќа за превоз на децата, а децата што ние ги превезуваме ни плаќаат нам“, вели превозникот Ацо Пешевски.
Тој бара од надлежните институции да преземат мерки за проверка на регуларноста на тендерите и смета дека само две компании од Куманово држат монопол за превоз на децата. Незадоволни од ангажираните превозници на учениците од Липково родителите велат:
„Ова сега е пљачка. Со години овие луѓе ги возеа децата. Порачуваме дека ќе има бојкот на наставата,бидејќи нема услови за превоз во „Глобус турс“, компанија која им се заканува на родителите нивните деца да се возат со тие автобуси кои немаат услови“, вели Фејзула Љатифи од Отља.
Абдула Невзади од Слупчане додава:
„Имавме договор до лани со „Глобус турс“ ние да ги возиме децата. Оваа година ги возиме сами, без договор и без пари. А децата одат и пеш.“
Оливер Спасовски од локалната смаоуправа негира дека тие се надлежни за надминување на проблемот со превозот на учениците и објаснува:
„Основните и средните училишта распишуваат тендер за превоз на учениците, во кој се дефинирани условите за најдобрите понудувачи. Жалбата се поднесува до Државната комисијата за јавни набавки, но услов е доколку учествувале на тендер. Имаше и ревизија за јавната набавка и се очекува извештај“, вели Спасовски.
Тендерот го добија само две компании. Ние имаме по три-четворица вработени кои мораме да ги отпуштиме. Регистрирани сме и ги исполнуваме стандардите за превоз.
„Тендерот го добија само две компании. Ние имаме по три-четворица вработени кои мораме да ги отпуштиме. Регистрирани сме и ги исполнуваме стандардите за превоз. Плаќавме по 1.500 евра за линии, а не можеме да заработиме ниту за гориво, а не за давачките на општината и на државата“, реагира Ласте Станојковски од компанијата „Јоцо турс“ од Куманово.
Оштетените автокомпании велат дека не е исклучено возилата да ги однесат на отпад за старо железо,оти немаат работа, бидејќи компаниите кои добиле на тендер не сакаат годинава да ги ангажираат за работа, оти тие пред распишување на тендерите си купиле нови автобуси.
„Направија тенедер со директорите на Земјоделско и училиштето „11 Октомври“, како на нив им одговара.
Ова сега е пљачка. Со години овие луѓе ги возеа децата. Порачуваме дека ќе има бојкот на наставата, бидејќи нема услови за превоз во
„Глобус турс“.