Стојменов бара ТВ-дуел со Георгиевски за кодошењето

Пратеникот Борис Стоименов денеска ги оквалификува како лаги и манипулации тврдењата дека бил соработик со тајните служби. Тој вели дека таквите шпекулации се пласирани со цел да се наштети на неговиот и угледот на неговото семејство и посочи оти Комисијата за лустрација утврдила дека не бил кодош.
Стоименов воедно го повика поранешниот премиер Љубчо Георгиевски на јавна дебата за да разговараат за писмото кое Георгиевски го испрати до премиерот Никола Груевски. Георгиевски, преку писмото алудираше дека Стоименов бил доушник.