Наместо бесење, 15 години затвор за египетски милионер

Египетскиот суд денеска ја намали казната на еден египетски милионер на 15 години затвор за убиство на млада либанска поп-ѕвезда. Претходно тој беше осуден на смртна казна со бесење.
Случајот го разбранува целиот арапски свет.
Осудениот милионер, кој е и пратеник на владејачката партија во Египет и уште еден човек ја избоделе до смрт 30-годишната либанска пејачка во Дубаи. Другиот е осуден на доживотен затвор.