Почеток на поголеми работи

Новата Балканска железничка компанија е само чекор кон поголеми работи, наведува угледниот весник Економист, во врска со повторното поврзување на железниците од поранешна Југославија. Еден ден повикот би можело да биде: качувајте се на возот Берлин, Пекинг, преку Белград.
Во јули кога железничките комапнии на Србија, Хрватска и Словенија соопштија дека ќе формираат нова заедничка компанија, на просторите на поранешна Југославија можеа да се слушнат само носталгични коментари, наведува Економист, потсетувајќи дека, од 1918 до 1929 година Југословенските железници официјално се викаа Железница на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Можеби за да ја избегнат таквата грандиозност трите компании сега го одбраа најдосадното име што можеа да го најдат Карго 10.

Но, бизнисот околу овој проект е се друго, ама не и досаден, оценува весникот, додавајќи дека името се совпаѓа со Коридорот 10, паневропска патна и железничка врска која ги спојува централна и југоисточна Европа.

Тоа е уште еден пример на соработка на компании од поранешна Југославија кои сфаќаат колку нивните домашни пазари се мали и кои имаат големи меѓународни амбиции.

Денес се потребни повеќе од 60 часа за да се пренесе товар од границата на Словенија и Хрватска до Истанбул.

Економист цитира еден словенечки железничар кој вели дека доколку возот пристигне ноќе на граница, а на цариниците не им се
Тоа е уште еден пример на соработка на компании од поранешна Југославија кои сфаќаат колку нивните домашни пазари се мали и кои имаат големи меѓународни
амбиции.
работи, тогаш трае и подолго.

Со поголема бугарска и турска соработка, времето на патувањето би можело да се скрати на 37 часови.

Се до балканските војни во деведесетите години на минатиот век, поголемиот дел од товарниот сообраќај меѓу Турција и западна Европа минувал низ Југославија.

Но, потоа тој беше пренасочен кон Романија и Бугарија. Сега само 2 отсто од товарниот сообраќај на истата релација до Турција се одвива со возови. 22 насто товарот се пренесува со камиони, а дури 75 проценти со бродови.

На турските компании им е поевтино и побрзо да ги испраќаат контејнерите преку море до Трст, а од таму со камиони до крајните дестинации во Западна Европа. Основачите на Карго 10 се надеваат дека тоа наскоро и ќе го сменат. Но, како што наведуваат, тие сакаат да бидат нешто повеќе од едноставна алка во синџирот меѓу Истанбул и Европа.

Во наредните неколку години би требало да се отвори железнички тунел под Босфорот кој патем кажано прв пат беше планиран уште пред 150 години. Босфор е тесно грло на товарниот железнички сообраќај меѓу Европа и Азија.

Со отворањето на тунелот, можностите ќе бидат бескрајни. Пред Првата светска војна Гермаците сонуваа, а Британците имаа ноќни кошмари за железничка линија Берлин-Багдад.

Сега Турците и Кинезите зборуваат за железница од Истанбул, а со тоа и Европа, до Урумчи во западна Кина. Еден ден повикот би можело да биде: качувајте на возот Берлин-Пекинг преку Белград, заклучува весникот Економист.