Прислушување за политичка пресметка?

Политичка пресметка

По отвореното писмо на премиерот Груевски, опозицијата се сомнева дека е под лупа на разузнавачките служби, но во контекст на дневнополитичка пресметка.
Денеска, кога е очигледно дека е под притисок секој што не мисли како власта и никој не сака да проговори јавно за опфатот на лица коишто се следени според законот за следење на електронски комуникации без одлука на истражен судија во последниве години, ние се фативме како слепи за стап за тоа што правеле до 91-та. Истовремено, не гледаме што прават денеска носители на високи јавни функции коишто одработуваат за туѓи интереси, а не за интересот на граѓаните на Македонија, коментира Владо Бучковски од СДСМ на некои од наводите во отвореното писмо на премиерот Груевски по повод обвинувањата дека ја кочи лустрацијата.
Безбедносната контрола ги вклучува сите расположливи средства на службата за негово следење.


„И всушност се користат сите овие можни средства за политичка пресметка, не за евентуално превенирање од било какво загрозување, на не дај боже поредокот во Македонија“, вели Бучковски.


За него се особено несериозни наводите на премиерот коишто се однесуваат на наводните опозициони сценарија за симнување на власта. БЦ лично и персонално, кој е во уплав затоа што еден демократски систем му ја откри недемократската шема со Уставниот суд, и кој повторно од „ауди“ (каква иронија) на автопатот Тетово-Скопје дава инструкции кои потоа му се пренесуваат на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ за тој свесно или несвесно да одработува за левицата, а против десницата и демократијата, се вели во писмотот на Груевски. Ваквите наводи се само конструкции на разузнавачките служби коишто се доведуваат во контекст на дневнополитичка пресметка, а не за вистинските цели, додава Бучковски. Во секој случај,
Тоа е јавна тајна дека се прислушува, во оваа насока јас го имам и личното досие каде што одамна сум прислушуван
како што вели за него е очигледно дека опозицијата е под лупата на ваквите служби и тоа секојдневно.

Иако не е невообичаено да се следат активностите на опозицијата особено ако нејзините планови за доаѓање на власт се на штета на државата, во конкретниов случај премиерот и воопшто не мора да значи дека користел информации од разузнавачките служби, вели професорот Стефан Буџаковски. Информациите можеле да бидат добиени и преку факторот човек. Штом премиерот настапил отворено со вакви наводи веројатно има зошто го направил тоа, додава Буџаковски кој не го оспорува и правото тие да се изнесуваат јавно доколку тој располага со нив. Од друга страна законот за следење на елeктронските комуникации којшто претрпе измени во Македонија, овозможува следењето да се одвива едноставно и со наведување на основот за тоа.

„Безбедносната контрола ги вклучува сите расположливи средства на службата за негово следење.“

Тахир Хани од владината ДУИ го смета за јавна тајна прислушувањето на телефоните на јавните личности и прибирањето податоци кои потоа се користат од разните институции:

„Тоа е јавна тајна дека се прислушува, во оваа насока јас го имам и личното досие каде што одамна сум прислушуван.“