Медведев го разреши градоначалникот на Москва

Руските новински агенции цитираат соопштение од Кремљ во кое се наведува дека претседателот Дмитриј Медвдев го разрешил градоначалникот на Москва Јуриј Лужков кој е на таа функција уште од 1992 година. Во декретот се наведува дека Лужков бил разрешен поради тоа што ја загубил довербата на рускиот претседател. Според рускиот устав, поради таа причина шефот на државата може да разрешува градоначалници и гувернери. Има и наводи дека Лужков бил под сомневање за корупција. На негово место, Медведев го наименува Владимр Ресин.