Авганистанскиот министер за надворешни работи им соопшти на НАТО и другите сојузници дека за да се победи во битката со тероризмот е потребен глобален напор. Министерот Залмаи Расоул на годинешниов министерски состанок на Генералното собрание на Обединетите Нации, изјави дека терористичките групи ги прошируваат своите операции напади во регионот. Тој истакна дека се додека некои владини и невладини „ актери“ ( кои не ги именува) продолжуваат со снабдување на Ал Каеда со оружје и финански средства, тие и понатаму ќе останат „ опасна и убиствена закана“.