Иако во мал број и корисниците на социјална помош од Охрид излегоа на протестите за поголеми права на социјално загрозените лица што се одржаа во целата држава.
Во Охрид има повеќе од 2000 социјални случаи кои по разни основи примаат паричен надомест, што е околу 4 проценти од вкупното население на ова подрачје. Во структурата на социјалците има работоспособно население што моментално не работи, граѓани кои од здравствени и други причини не се способни за работа, повеќечлени семејства и други социјално загрозени случаи.
,,Од нив поголемиот дел, 693 семејства се корисници на парична социјална помош, 609 се со парична помош за нега и помош од друго лице, 101 се корисници на постојана парична помош,а другите поголеми права се врз основа на детски родителски додаток и детска заштита. Износот на постојаната парична помош варира од 3.210 до 6.420 денари."
Вели Екрем Каљоши, директор на Центарот за социјални работи во Охрид, што ја покрива и општина Дебрца. Меѓу социјалците во последно време доминира револт од намалувањето на паричната помош поради бројот на годините на нејзино примање.
,,Социјалната парична помош се дава и на работоспособни лица, кои немаат работа, а се загрозени, но со цел за одреден временски период тие да најдат работа, а надоместот да им помогне тој период да го пребродат полесно. По одредено време надоместот се намалува за 50 проценти, и тоа е најголемиот проблем со кој се соочуваме, бидејќи предизвикува незадоволство кај корисниците на социјална парична помош."
Објаснува Каљоши.
,,Јас сум исто корисник на социјална помош,земав 2140 денари, ми ја намалија на 1170 денари, а дома живееме осум души. Имам непокретна мајка, за која два пати имаме поднесено барање за нега, но ништо не добиваме за неа."
Од 1500 денари,социјалната помош ми е намалена на 1000 денари, под изговор дека ја добивам девет години. Во тие девет години центарот за социјална работа заедно со бирото за вработување, ниту еднаш не се потрудиле да ми најдат работа. Од овие 1000 денари, кои на крај не ми останува ниту денар."
Се жалат Охридските социјалци, кои во сосема мал број исплашени од полицијата излегоа на протестите за поголеми права, што низ целата држава под мотото "Подобар статус за социјално загрозените лица кои имаат право на живот", ги организира "Хоризонт Македонија".
,,На тој народ сите треба да му дадеме поддршка. Нека дојде еден пратеник или министер со нивната социјална помош да ги прехрани нивните деца, за да види како е. И овие деца заслужуваат да примаат млеко, банани, чоколино и се што е неопходно. Дојдов да им дадам поддршка од срце."
,,Јас имам дете за факултет, немам од каде да го финансирам. Пензија земам минимална, сопругот ми почина млад. Јас многу пати се имам обратено до институциите, каде ми велат дека сум вработена и не ми следува ништо. Вистина сум вработена, но немам земено плата четири години, а самохрана мајка сум.Треба да живеам без корка леб дома? Не треба ли да живееме со моето дете? Секогаш им давам поддршка на овие луѓе затоа што добро знам како е да се живее со таа тежина."
Велат граѓани на Охрид и самохрани мајки, кои ги поддржуваат социјалците во нивните барања за измени и дополнување на законот за социјална заштита, за зголемување на износот за 100 %, да не се намалува надоместот со годините, за право на детски додаток и зголемување на детската заштита, за исплата на 10 евра по член на семејство за режиски трошоци и редовна исплата на надоместокот, со цел да се подобри лошата социјално-економска состојба на 100 илјади семејства корисници на социјална помош во Македонија.
Социјалната парична помош се дава и на работоспособни лица, кои немаат работа, а се загрозени, но со цел за одреден временски период тие да најдат работа, а надоместот да им помогне тој период да го пребродат полесно. По одредено време надоместот се намалува за 50 проценти, и тоа е најголемиот проблем со кој се соочуваме