Пратеникот Илија Димовски изјави дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ е шокирана што токму претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски бил човекот за кого Комисијата за лустрација повела постапка.
Димовски вели дека тоа драстично ја менува состојбата и фрла уште поголема дамка врз работата на Уставниот суд. Тој потсети дека судот укина и одредби од самиот Закон за лустрација, но и десетици други, како што вели Димовски, реформски проекти.