Претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски денеска сведочи јавно пред Комисијата за лустрација. Таа претходно му доставила заклучок дека има несогласување на неговата изјава оти не бил соработик на тајните служби со фактите кои ги има Комисијата.
Ивановски побара своите аргументи на седница на Комисијата да ги изнесе јавно, иако во принцип седниците се затворени.
Премиерот Никола Груевски вчера изрази сомневање во кредибилитетот на работењето и легитимитетот на дел од донесените одлуки од Уставниот суд.