Најмалку 2000 полицајци биле убиени или повредени од страна на бунтовниците во изминатите 6 месеци во Авганистан соопштуваат од тамошното министерството за внатрешни работи. Портпаролот на министерството соопшти дека во тој период во бомбашки напади, самоубиствени бомбашки напади, директни судири, и воени операции беа убиени 595 полицајци и ранети уште 1.345. Полицијата и помага на Армијата во борбата со терористите.