Решението на спорот е можно само доколку се почитуваат Повелбата на Обединетите нации, нејзините резолуции и меѓународното право. Ова го изјави македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во обраќањето на годинашното Генерално собрание на Обединетите нации.
„Македонија е активно посветена кон регионалната соработка и градењето добрососедски односи и го прифаќа и промовира дијалогот како единствен начин за надминување на сите отворени прашања во регионот.“
Ова го изјави македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во обраќањето на 65 заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, додавајќи дека врвна цел на земјата е интегрирање во Европската унија и НАТО.
„Пред 15 години тука во Њујорк беше потпишана Привремената спогодба со нашиот јужен сосед со која таа се обврза да не го спречува членството на Македонија во меѓународните и регионалните организации“, изјави Иванов, додавајќи:
„Но, морам да го споменам фактот дека мојата земја се уште чека пред вратата на овие две организации заради постапките на нашиот јужен сосед, спротивни на обврските преземени со Времената спогодба.“
Иванов наведе дека и покрај тоа, Македонија е целосно посветена на процесот на решавање на разликите со Грција околу името во рамките на механизмот воспоставен со резолуциите на Обединетите нации.
„Правиме се што можеме за да имаме блиски и пријателски односи со соседна Грција и со нејзините граѓани. Решението на спорот е можно само доколку се почитуваат Повелбата на Обединетите нации, нејзините резолуции, меѓународното право и принципи врз кои почива меѓународниот поредок.“
Иванов изрази надеж дека двете соседни земји ќе успеат да најдат заемно прифатливо решение.
„Тоа ќе биде голем чекор за нас, но и за исполнувањето на визијата за нашиот регион“, изјави македонскиот претседател Иванов на Генералното собрание на Обединетите нации.

Правиме се што можеме за да имаме блиски и пријателски односи со соседна Грција, со нејзините граѓани. Решението на спорот е можно само доколку се почитуваат Повелбата на Обединетите нации, нејзините резолуции, меѓународното право и принципи врз кои почива меѓународниот
поредок.