Груевски не сака решение за името, оцени Друцас

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас „го критикуваше премиерот Никола Груевски поради неговото одбивање да го посети Њујорк и да се сретне со грчкиот премиер Јоргос Папандреу“, јави грчката агенција АНА-МПА. Целото време и целата енергија што Скопје ги троши во неговите напори да создаде оддредена слика се насочени во погрешна насока. Ако сето ова го вложеше со цел да се најде решение за прашањето за името тогаш ќе бевме во многу поинаква позиција, изјави Друцас. Според него „Груевски остава впечаток дека воопшто не сака да придонесе во решавање на спорот“.