Во Париз за денеска е најавена средба меѓу претставници на француската Влада и синдикатите посветена на реформите на пензискиот систем. Синдикатите оценија дека на вчерашниот Генерален штрајк поради најавените реформи на пензискиот систем, ширум Франција учествувале околу 2,9 милиони луѓе. Полицијата пак, наведува дека во Париз протестирале само 65 илјади луѓе. Ова е втор пат неделава француските синдикати да ги повикаат вработените на Генерален штрајк против реформите на владата.