Карзаи не патува во Њујорк

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го откажа учеството на Генералното собрание на ОН во Њујорк за дома да ги следи резултатите од парламентарните избори. Наместо Карзаи, во Њујорк ќе оди министерот за надворешни работи Залмаи Расул.
Изборите се одржаа во саботата. Беа проследени со насилство и бројни изборни нерегуларности.