ОН во борба против сиромаштијата

Колку светот е блиску до исполнувањето на милениумските цели на Обединетите нации? Ова ќе се проценува на тридневниот самит што почнува денеска во седиштето на Светската организација во Њујорк. Во 2000 година Обединетите нации ја поставија 2015 тата како краен рок за преполовување на сиромаштијата, гладта, заразните и други заболувања.
Шефови на држави или влади на 140 членки на Обединетите нации денеска во Њујорк ќе го започнат разгледувањето на оствареното во милениумските развојни цели во борбата против сиромаштијата во светот.

Овие цели беа поставени пред десет години, а пред се се однесуваа на обезбедување основно образование за сите, промовирање на еднаквост меѓу половите, намалување на смртноста кај децата, подобрување на здавјето кај мајките, борба против сидата, маларијата и другите заразни болести, како и формирање светско партнерство за развој.

,,Не можам да го сокријам длабоко разочарување од неодамнешните состаноци на Г8 и на Г20 во Канада. Тие не успеаа да преземат целосна одговорност и да ги артикулираат следните чекори за исполнување на шестте Милениумските развојни цели. Без универзален пристап нема ништо од милениумските цели до 2015 година.,,
Во документот кој треба да биде усвоен до среда кога е предвидено завршување на самитот, лидерите изразуваат длабоко жалење поради тоа што мора да констатираат дека повеќе од милијарда луѓе живеат во крајна сиромаштија или гладуваат и оти главен проблем останува нееднаквоста меѓу земјите.


Оценува Хулио Монтанер од Меѓународната организација за борба против сидатата. Поранешниот американски претседател Бил Клинтон пак, што се однесува до конкретниот проблем со сидата го посочува неефикасното трошење на средствата.

,,Во премногу земји, премногу пари се трошат за да се платат премногу луѓе да одат на премногу средби и да се обезбедат многу авиони за таа цел. Премногу се троши на истражувања и извештаи кои потоа стојат на полиците.,,

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун оценува дека ќе бидат потребни 100 милијарди долари за да се остварат зацртаните цели за намалување на сиромаштијата.

Во документот кој треба да биде усвоен до среда кога е предвидено завршување на самитот, лидерите изразуваат длабоко жалење поради тоа што мора да констатираат дека повеќе од милијарда луѓе живеат во крајна сиромаштија или гладуваат и оти главен проблем останува нееднаквоста меѓу земјите.

Економската криза, како што се наведува во документот, ја интензивира загрозеноста на населението на Планетата, ја продлабочи нееднаквоста и негативно влијаеше врз напредокот.

И покрај неповолниот економски контекст, светските лидери најавуваат подготвеност да направат се што е во нивна моќ да ги остварат милениумските цели до 2015 година.

,,Уверени сме дека тие се остварливи и во најсиромашните земји,, се наведува во нацрт документот во кој се потенцира и потребата од изнаоѓање нови извори за финансирање на остварувањето на целите.