Премиерот Никола Груевски денеска во Брисел изјави дека ЕУ треба да ja разгледа и опцијата, Македонија да добие датум за преговори и без решение за спорот за името.
По средбата со комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе, Груевски рече дека Македонија се обидува да го реши спорот, но „доколу се оцени дека Грција на многу долг рок не планира да дојде до решение треба да се размисли за таква опција“.
Освен што разговарале за спорот за името, Груевски го информирал Филе за активностите што ги прави Македонија на планот на реформите за исполнување на критериумите за членство во ЕУ.