Талер: Македонија е послаба од Грција, трудете се повеќе

Македонија е послабата страна во спорот со Грција и не е член на ЕУ и поради тоа треба да вложи уште повеќе енергија. Ова го изјави известувачот на Европскиот парламент за Македонија Зоран Талер, по средбата со македонскaта делегација предводена од премиерот Никола Груевски во Брисел.
Талер очекува позитивен извештај од ЕК, со препораки што уште треба да направи Македонија на патот кон ЕУ.