ММФ одобри заем за Пакистан

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд, одобри заем од 451 милиони долари на Пакистан, за да и помогне на земјата да се опорави од катастрофалните поплави. Од ММФ соопштуваат дека парите веднаш му се ставени на располагање на Исламабат и дека со тие средства треба да се ублажат последиците и да се промовираат проекти за кредитирање на земјата од страна на други земји. Претходно Пакистан доби и 1 милијарда долари заем од Светската Банка